БИБЛИОТЕКАТА ДОБИ 10 НОВИ КОМПЈУТЕРИ

Novi kompjuteri vo internet klubot v bibioteka

Библиотеката е збогатена со 10 нови компјутери за интернет клубот. Проектот чини 160 илјади денари, а парите се обезбедени од буџетот на локалната самоуправа. Корисниците имаат пристап до побрз интернет и подобри услуги. Користењето е бесплатно за сите посетители на библиотеката и за оние кои позајмуваат дел од богатиот фонд на книги.

За збогатување на услугите, освен компјутерите, поставена е и изложба на стари фотографии на Прилеп на горниот дел од читалната. Инвестицијата е 90 илјади денари. Уникатната презентација содржи стари моменти од историјата и традицијата на градот.

Интернет клубот неодамна  беше аранжиран и со аквариум и цветна градина.

Со реконструирањето на читалната, интернет клубот, просторијата за презентации, библиотека се нареди на врвот на храмовите на книгата во земјава. Инвестирани се неколку милиони денари, а следен проект е зголемување на магацинскиот простор за книги, бидејќи со набавките расте фондот на достапните наслови од сите области.

Loading