ОТКРИЕНИ ВРЕДНИ АРТЕФАКТИ

Завршија истражувањата на Трескавец

Otkrieni zancajni naodi na Treskavec

Монети, садови, керамика, алатки, уникатни примероци на камена пластика кои ќе бидат конзервирани, се пронајдени при заштитните археолошки истражувања на манастирот Трескавец, во делот од трпезаријата и магерницата. Артефактите се од различни периоди.

– Значајна е единствената камена пластика од античкиот град Колобаиса – вели археологот д-р Бранисал Ристески.

Со истражувањата се добија релевантни податоци за изработка на проектот за реконструкција, ревитализација и санација на трпезаријата и магерницата, бидејќи треба да бидат автентични кога ќе се градат, а се ретки на овие простори.

Истражувањата беа дел од системските истраги на манастирскиот комплекс.

– Ги добивме сите податоци за развојот на манастирот во периодот од 8 до 13 век. Најзначајни се последните години на 13 и во почетокот на 14 век, кога владеел византискиот император Андроник 1 Палеолог. Податоците се извонредни и за Марковите кули, кои се протегаат на  поголема површина и се  заокружена целина. Се бележи исклучително значајна сертификациска  култура. Трескавец е византиски, царски манастирски комплекс со автентична  трпезарија, магерница, архитектура, живопис – вели Ристески, потенцирајќи дека проектот носи наслов Манастирска ризница и ќе има три сегменти – изложбен, трпезариски и третиот дел, посветен на иконите, со што ќе биде единствен на поширокиоте простори.

Loading