Карате
Светското сениорско првенство во Линц, Австрија, промовираше четворица нови македонски судии за ваков вид врвни меѓународни натпреварувања. Покрај веќе споменатите Елизабета и Златко Димоски, светски судија стана и Валентина Пурдеска. Таа доби лиценца за категоријата кати. Покрај каратистите, и судиите се на високо ниво, така што тие даваат свој голем придонес за афирмација на градот и државата.
– Иако сме мала земја, високо котираме со квалитет на европско и светско ниво – изјави Пурдеска.