АРТ ХЕПЕНИНГ ПОД ВЕДРО НЕБО

Rotarijanciute vo humani manifestacii

За празникот на ослободувањето на Прилеп, дваесетина талентирани деца од основните и средните училишта и ликовни уметници учествуваа на арт хепенингот под отворено небо, сликајќи уметнички дела пред ЦК “Марко Цепенко”.

Традиционалната петта манифестација ја организира Ротари клубот – Прилеп.

– Годинава темите за ликовен израз и за творење беа “Прилепчани низ историјата” и “Ротари – во служба на човештвото”. Создадните дела ќе се искористат за изложби и аукции, а средствата ќе бидат насочени во хуманитарни цели – изјави Александар Башески, претседател на Ротари клубот – Прилеп.

И градоначалникот Марјан Ристески, како многупати досега, во името на локалната самоуправа рече дека се поддржува ваква манифестација, што е одраз на соработка и хуманост.     

Humani umetnicki cetki   

Loading