На Макинова
Возсраста не е важна за предизвиците во науката и пронаоѓаштвото. Така, пензионираниот инженер со повеќе награди за пронаоѓаштво и иноваторство ја збогати домашната витрина со уште едно признание од последната манифестација на пронаоѓачите, Макинова во Скопје. Тој доби златен медал, Макинова 2016 и плакета од областа на техниката за пронајдокот за заштита и безбедност, за обележување и омеѓување на гранични линии на вода и за предупредување при движење на вода. Станува збор за таканаречената композитна гранична пловка, која е петпати полесна од металната, уште толкупати потрајна и двојно поевтина. Плус, пловката е опремена со соларен систем за создавање струја за напојување на системите за звучни и светлосни сигнали и за видео камерите. Пронајдокот овозможува во секое време да се има надзор на граничните линии на водена површина и давање предупредувачки аудио и светлосни знаци.
Ширкоски се врати со бронзен медал за пронајдокот за противградобијниот мобилен систем од 34. традиционална меѓународна изложба на пронајдоци, нови технологии и индустриски дизајн – “Пронаогаштво – Белград 2016”.