НАД МИЛИОН ДЕНАРИ ПОМОШ ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ

Третпат осумдесеттина пензионери добија еднократна помош по 3,4 и 5 илјади денари или вкупно 300 илјади денари. Комисијата при здружението на пензионерите доделува парична помош во зависност од тежината на болеста или од материјалната состојба. На луѓето од третото доба им се доделени над еден милион денари.

Пред новогодишните и божикните празници на сто пензионери со пониски примања ќе им се подарат пакети со колонијални и производи за хигиена од по илјада  денари.

Во Прилеп и околните населени места, здружението отвори, одржува и продолжува да адаптира простори на 14 клубови.  

Loading