КИЛИМИ ПОДСААТ

Oro na babini kilimi

Изложба на килими и на традиционални везови и ракотворби, позната под името Килимијада организираше невладината Мајка – традиција под Саат кулата за празникот 23 Октомври.

– Срцата се исполнуваат со ракотворбите на нашите баби, особено со килимите со цветови,  рози, трендафили. Тоа е нашиот корен и идентитет – рече Љубица Петреска од Мајка тадиција.

Панде Ризеска е среќна што низ дружење се одржува народното творештво на нашите предци.

Градоначалникот Марјан Ристескиизјави дека манифестацијата ја негува традицијата.

Настанот го збогатија членовите на  КУД Моминок изведувајќи неколку народни ора и адети.

Loading