СВЕТСКО ВО ЛИНЦ

Карате

Прилепските карате репрезентативци до недела се во Линц, Австрија, на најмасовното досега Светско сениорско првенство. Привлечноста се должи на приемот на овој спорт меѓу олимписките дисциплини и борбата за учество на Олимпијадата 2020 во Токио.

Стигнаа првите добри вести за нашите судии. По семинарот и полагањето, Македонија доби пет нови светски судии, меѓу кои е Елизабета Димоска. Таа положи за светски судија во борби и стана првата жена судија за борби со светска лиценца.

В сабота на Златко Димоски ќе му биде доделена бронзена значка од Светската карате федерација за судењето повеќе од 10 години на светските првенства. Тој е првиот Македонец со вакво признание, а на светската сцена настапи од 2005 година.

Loading