ИН МЕМОРИАМ

На 64 години почина Гоце Манески, легендарно десно крило на Победа. “Седумката” на дресот ја носеше од 1970 до 1987 година. Беше дел од генерацијата која долго ја одржуваше екипата во Втората југословенска лига. Од позначајните мечеви, незаборавни се неколку. Во 1977 година пред 20 илјади гледачи со 2-0 совладан беше Вардар. Во 1981 година пред рекордни 25 илјади гледачи со 3-1 победен е Пелистер. Сите три гола за Победа ги даде Манески.

Пред три години Манески беше капитен на Победа во мал фудбал и на мечот со Партизан.

Loading