ПРИЛЕПСКИОТ ОФС СЛАВИ 50 ГОДИНИ

Sekavanja od polovina vek - Orde StevanoskiВ среда (16.30 часот) во салата на Општинското собрание ќе се одржи прославата на 50-годишнината од основањето на ОФС Прилеп. Предвидена е богата програма со разговор на тема “Општинскиот сојуз и фудбалот”. Најстариот член ќе ја отвори прославата, по што ќе следи обраќање на Марјан Стојкоски – Манта, претседател на ОФС Прилеп, градоначалникот Марјан Ристески и претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски. На крајот е доделување признанија.

– Прилепскиот ОФС е формиран во 1965 година, без виза на Регионалниот од Битола, ФСМ и Судиската организација. Иницијатори беа Цане Самарџиоски, предводник на прилепските судии и Петар Чатлески, претседател на ФК Индустријалец, сегашен 11 Октомври – потсетува членот Орде Стеваноски, некогашен прволигашки судија во Југославија.

И во најфудбалскиот град биле формирани општински лиги. Првакот немал право да оди во повисок ранг, туку и наредната сезона пак играл во општинската лига. Опструкцијата од битолчани го зацврстиле единството и истрајноста на патот кон признавањето во 1968 година.

– Признавањето го потпиша Трајан Ивановски, претседател на ФСМ. За судиската организација да биде рамноправна со сите останати добивме документ – вели Стеваноски.

По повод прославата ќе биде промовирана книга посветена на ОФС и на сите кои се вложиле во опстојувањето и развојот на Сојузот.

Loading