СЕ ПОДГОТВУВА „ВО СЕНКАТА НА ВЕТРОТ“

Театар

Nova sorabotka na Jugoslav Kocoski so nasiot teatarАнсамблот на театарот ја подготвува новата претстава по текстот “Во сенката на ветрот” од белгискиот автор Пол Егон во режија на Југослав Кочоски. Премиерата се очекува во средината на декември.

– Изборот на текст е поради тоа што се заборава на човечкиот живот и љубовта во нашето забрзано, економски оптоварено и силно исполитизирано секојдневие. Претставата ќе ја покаже потрагата по вистинската љубов на девет лика кои живеат во или “гравитираат” околу “Куќата на ридот” и претставуваат мала Вселена. Секој има по една главна црта на карактерот која се среќава околу секој од нас: “несфатениот уметник”, “загрижената повозрасна сестра”, “самопрогласената фам фатал” незадоволна од ништо, “новопечениот богаташ затрчан по брза заработувачка”, “повлечениот емотивец”, “запоставената помала сестра”, “типот кој мисли дека им носи несреќа на сите”, “убавицата која паразитира на грбот на другите” и “сосетката која ги коментира туѓите животи”. Текстот се разликува од мелодрамите со длабочината на ликовите кои авторот ги отсликува низ интересна приказна. Повеќето од ликовите се оставаат да ги води текот на реката наречена живот, водат хаотичен живот без план и на крајот се прашуваат како стигнале до никаде. Единствените два лика кои планираат што сакаат да направат од себе се извлекуваат од “застоената атмосфера” како победници – вели режисерот Кочоски.

Новата претстава, што е праизведба на текстот во Македонија, е втора соработка на режисерот со ансамблот.

Сценографијата е на Бојан Маневски, костимите на Даниела Настоска, а музиката на Томе Темелкоски.

Ќе играат Марија Спиркоска-Илијески, Димитар Црцороски, Катерина Чакмакоска-Клинческа, Ангела Наумоска, Михајло Миленкоски, Најдо Тодески, Виолета Лазароска и Наташа Наумоска.

Пол Емон е белгиски автор роден во Брисел во 1944 г. Завршил романистика на најстариот универзитет во Белгија. Професор е на Институтот за телевизија на универзитето.Напишал пет романи, повеќе други прозни дела и преку дваесетина драми, 20 драматизации на познати драми. Член е на Кралската белгиска академија за француски јазик и литература. Делата се поставувани во Белгија и Франција, а на Балканот во Романија и Бугарија. Текстот е напишан 1998 г и прв пат се поставува македонска сцена.

Loading