НА ТРЕСКАВЕЦ СЕ ГРАДИ ИНТЕНЗИВНО

Zabrzana grdba na Treskavec

Динамично тече градбата на конаците во манастирот Трескавец. Уверување доби и министерот за култура Елизабета Канческа – Милевска.

– Динамиката е добра. Реконструкцијата тече одлично. До крајот на ноември градбата треба да дојде до карабина и да се заврши овој дел во планираниот рок. Во завршна фаза се проектите за црквата, магерницата за да се пристапи во конзервација. Има и археолошки истражувања за заокружување на целиот процес – изјави Канческа Милевска.

Првиот човек на министерството за култура ги разгледа завршните работи на препокривање на објектот на Завод и Музеј. При тоа најави дека е објавен тендер за уредување на лапидариумот, а догодина ќе се стави во функција и ентолошката поставка.

Loading