РЕВИЈАЛНА ТРКА НА СТАРИ ВЕЛОСИПЕДИ

Stari velosipedi za popularizacija na velosipedizmot

Вљубениците на велосипедизмот уште еднаш го промовираат  ова превозно средство на две тркала преку ревијална трка на стари, добро сочувани и функционални велосипеди. Дваесетина возачи на олдтајмери на две колца се тркаа низ центарот. Еден од возачите ги вртеше педалата на велосипедот од триесетите години од минатиот век. Покрај ветвите дветркалци, деца им правеа друштво на возрасните со велосипеди со три тркала.

Трката се организираше да се зголеми свеста за користење на велосипедот како еколошко превозно средство.

– Скоро секоја втора куќа има стар велосипед. Ако се репарираат и се реставрираат, можат да бидат функционални, бидејќи градот има традиција за возење велосипед, а општината прави напори да се зголемат патеките за безбедно возење – рече градоначалникот Марјан Ристески, кој учествуваше на ревијалната трка на стари велосипеди.

Сопственикот на најстариот велосипед и на најдобро реставриран  добија пригодни награди.   

Изложбата ја организира на здружението на велосипедисти.

Loading