ЕКСПЛОЗИЈА НА АДРЕНАЛИН

Dzipovite ja ostavaa publikata bez zdiv

Околу 120 учесници од Бугарија, Србија, Холандија и Македонија возеа на полигонот кај селото Старо Лагово на македонското рели со џипови, насловено “Macedonian trophy”. Експлозија на адреналин за многуте љубители на екстремните спортови предизвикаа учесниците  на првото интернационално рели, организирано од клубот “Off road” во соработка со локалната самоуправа. 

Панчо Чупаркоски од клубот “Off road” изрази задоволство од одѕивот на учесниците и на публиката.

Првото место му припадна на Љубен Динев, втор беше Кристин Заимов, двајцата од Бугарија, а третото место го освои Братислав Илиќ од Србија.

Trka na motokros

Возбуди предизвика меѓународната мотокрос трка, организирана од клубот Скај рајдерс. Четириесетина кросисти од Србија, Бугарија, од Косово и од Македонија, надлетувани од десетици параглајдеристи го покажаа вештото управувања на моторите во екстремни услови, низ калта, на патеката кај Старо Лагово.                

Loading