НЕМАА НАСТАП, А ДОБИЈА АПЛАУЗ

Tancerskata grupa Nju xenerejn

На полувремето од женскиот ракометен дуел Прилеп – Гевгелија во салата “Ричко”, на паркетот истрчаа членките на младата танчерска група “Њу џенерејшн”. Според примерите од големите спортски натпревари, требаше да ја забавуваат публиката во празниот период, додека ракометарките одмараа. Меѓутоа, разгласот откажа, музика немаше и групата, по 10-15 минути стоење, се повлече од сцената. Гледачите аплаудираа за убавата идеја, која би требало да се реализира на следниот меч со Овче Поле.

Loading