ЗАЛЕТ ОД ВТОРО КОЛО

Пинг – понг

Стартува Супер лигата за мажи во пинг-понг, во која градов има два претставника. Двата тима на стартот забележаа порази. Дома Младост имаше дерби дуел со скопски Вардар. По голема борба, на крајот одлучуваа нијанси. Гостите се радуваа на тесниот триумф од 4-5. Младата екипа на Младост 96 не можеше посериосно да се спротивстави на шампионот и најголем фаворит, Гоце Делчев во Штип. Резултатот е очекуван, 5-0 за домаќините. Во прилепскиот состав отсуствуваше А. Рикалоски.

Во наредното коло Младост 96 – Радовиш, а Работнички – Младост.

Табела: Г. Делчев, Работнички, Шампион и Вардар по 2, Младост, Радовиш, Телеком и Младост 96 по 1 бод.

Loading