ПОВЕЌЕ ГЛЕДАЧИ ОД СЕДИШТА

Историја

Кога се среќавале скопски тимови против Победа секогаш имало огромен интерес. На 15 септември 1974 година се одигра големото дерби од Втората југословенска лига меѓу Работнички и Победа. Иако претпладне, во 10 часот, Градскиот стадион во Скопје беше преполн, на трибините никој точно не можел да преброи колку гледачи присуствувале. Во печатот пишуваше околу 20 илјади. Се сметаше за рекордна посета. После натпреварот кој заврши со 6-2, гледачите се пожалија дека домашниот клуб не постапил ферски. Пуштени биле повеќе гледачи отколку што има места на стадионот. Над 5000 гледачи цело време стоеле и пак ништо не можеле да видат во метежот.

Попладнето играа прволигашите Вардар – Раднички (К) пред петпати помалку публика.

Loading