Ракомет
Ракометарите на Прилеп ја продолжуваат променливата игра. Прво дома со 27-26 беше совладан скопски Пролет. Драма се одвиваше во последните минути, кога, покрај промашениот пенал, домашните освоија три бода. Во средата следеше вториот есенски пораз. Во Радовиш, домаќинот ги зеде бодовите со убедлив резултат од 26-22. Екипата на Томче Петрески мора подобро за да фати победоносна серија. В сабота (19 ч.) во салата на СОУ “Ристе Ристески – Ричко” е дуелот со Работнички. Добро е да се постигне триумф против последнопласираниот.
Табела: Охрид 12, Пелистер, работник, Прилеп и радовиш по 9., Металург 8, Пролет 7, Борец 4, Вардар ј. 3, Работнички 0.