УРЕДЕН ПЛОШТАДОТ „ПЕРЕ ТОШЕВ“

Nov izgled na prostorot okolu spomenikot na Pere    Tosev

Заврши инфраструктурното уредување на пешачката зона на плоштадот „Пере Тошев“ на улицата „Републиканска“. Поставени се бекатон плочки, канделабри, клупи за одмор, инсталирана е подземната водоводна, канализациона и електрична мрежа.

– Вредност на инфраструктурниот зафат од 1.400 м2, е 2,8 милиони денари од буџетот на локалната самоуправа – рече градоначалникот Марјан Ристески.

Реконстуирана е улицата која ги поврзува “Републиканска” и Кеј “1-ви Мај” кај новиот трговски центар со катната гаража, што се наоѓа во близина на пазарот. Асфалтирана се 250 метри за околу 3 милион денари од локалната самоуправа.

Loading