ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ ВО ЕКОНОМСКО

ЕУ И ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА ФИНАНСИРАА          

Em potoplo em poevtino vo vo Ekonomsko

Учениците од СОУ “Кузман Јосифоски – Питу” ќе ја следат наставата во потопли училници, а училиштето ќе заштеди на давачки за енергија. Тоа го овозможи замената на старите со нови ПВЦ прозорци и термопан стакло, поставувањето на термоизолациона фасада, замената на изолацијата на покривот и поставување на нова громобранска инсталација.

Реконструкцијата е содржината на демонстративниот пилот проект следен од средствата од програмата на ЕУ за прекугранична соработка на Македонија со Грција со 80 илјади евра, а што е изведен летоска пред почетокот на новата учебна година. Во предвидените рокови значајно се подобрени условите за одржување на настава, бидејќи се применети сите мерки за енергетска ефикасност, кои, во крајна линија, ќе ги редуцираат трошоците за загревање во текот на зимскиот период.

Партнер е и локалната самоуправа со пет општини. Од Македонија, покрај Прилеп, е и Велес, а од Грција, Лерин, Ираклија и Висалтија. ЕУ дава вкупно 745 илјади евра, од кои за Прилеп се околу 80 илјади евра, плус националното кофинансирање.

– Министерство работи на зголемување на проектите за остварување на капитални дела – изјави заменик министерот за локална самоуправа, Љупчо Пренџов.   

Во проектот планирани се работилници и презентации за подигање на свест за одржлива енергија, работилници и семинари за размена на искуства, изработка на акциони планови за одржлива енергија за сите општини, енергетски проверки на јавни објекти и др. 

Loading