УЧИЛИШТЕ ЗА ТЕАТАР СТАРТУВА МДС

Од понеделник Младинското драмско студио „Чин 4, Сцена 5“ стартува со училиште за театар. Ученици од најразлична возраст ќе посетуваат театарска школа, со која ќе бидат воведени во магичниот свет на театарот. При тоа, МДС ќе ја презентира програмата за работа во следниот период, како и предавачите кои ќе бидат дел од Театарската школа на МДС.

– Според истражувања од Американска асоцијација за театар и едукација, 35 проценти од учениците кои посетуваат театарска школа, се поуспешни во реализацијата на училишните обврски. На овој начин, учесниците на школата ќе стекнат соодветно театарско знаење – велат од МДС.

Во звисност од интересот, школата ќе трае подолг период.  

Loading