БИБЛИОТЕКАТА ЗБОГАТЕНА СО ПОСТОЈАНА ПОСТАВКА

Библиотеката „Борка Талески“ доби нова содржина. Збогатена е со нова постојана поставка на фотографии. Според директорот Петар Петрески, низ 24 фотографии е пренесена историјата на Прилеп. Поставката е дел од новите содржини за подобрување на условите за давање услуги.

Со натпреварот на млади библиотекари, почнуваат манифестациите за одбележување на месецот на книгата. Денеска ќе има натпревари за избор на најдобри рецитатори и за најдобри лични творби.

Наскоро се очекува да излезе од печат и трудот “Македонија и Одринско 1983 – 1903”, во кој се пренесени мемоарите за ВМРО. Книгата е издадена во Софија 1904 година и првпат е преведена на македонски јазик од страна на писателот Трајче Крстески.

Инаку, синоќа во библиотеката, која е вистински храм на културата беше претставено творештвото на битолската авторка Гордана Такец.

Loading