ТУРНИР ВО МЕДИЦИНСКО

Одбојка

Ekipata na 11 Oktomvri

Во вторник (10 ч.) во салата на СОУ “Ѓорче Петров” е женскиот одбојкарски турнир по повод празникот 11 Октомври. Ќе учествуваат четири младински екипи: домаќинот 11 Октомври, Љуботен (Тетово), Форца и Планет (Скопје). Тимот на 11 Октомври ќе го предводи легендарниот тренер Боривое Трајкоски, а најавени се одбојкарките: Евгенија Тошеска, Михаела Тодороска, Лина Бошевска, Ангелина Апостолоска, Стефани Спиркоска, Ангела Милошеска, Христина Димкар, Галена Аризанкоска, Наталија Аризанкоска, Анастасија Анеска и Ана Плетварец.

Подготвени се награди за екипите и за најдобрите поединци.

Loading