ЕХ, ТИЕ СЕДУМ ПОБЕДИ

Neizbrislivi spomeni - Milan TodoroskiМилан Тодороски

Од далечен Сиднеј, Австралија на секои две – три години во родниот крај навраќа Милан Тодороски, незаменлив халф на Победа од 1987 до 1993. Со силни емоции зборува за “златното” време, особено за есента 1987, кога во Втората југословенска лига беа наредени седум последователни победи – дома со Мајданпек, ОФК Београд, Влазними Ѓаковица, Ц. Звезда Гнилане, на гости кај ОФК Титоград, Металург Скопје и Борац Чачак.

– Серија што не се заборава. Секоја недела, дома – надвор, освојувавме по два бода. Ако не се договореше нерешено 0-0 дома со Нови Пазар, не знам до кога ќе траеше. По секој добиен меч беше доживување. Те застануваат на секој чекор, секој сака да се поздрави. Многу сум среќен што бев дел од силната генерација – вели Тодороски.

Повозрасните навивачи уште жалат што не беше искористена шансата не само за влез во единствената Втора, туку за пласман во Првата југословенска лига.

– “Виши сили” беа вплеткани, за што не бев свесен како играч. Имаше некоја политика. Крушевачки Напредак беше туркан нагоре, а само Вардар од македонските тимови имаше место во елитата. Веројатно градов не можел да го поддржи финансиски тој проект – Победа во Прва лига. Инаку, за публика бевме меѓу петте тима во Југославија – потсетува Тодороски.

Loading