ПРИЛЕП – ГРАД ХЕРОЈ

Џудо

Таков е насловот на турнирот, кој ќе се одржи по осми пат, во организација на ЏК Сеишин. В недела (10 ч.) мегдан е новата сала во ОУ “Добре Јованоски”. Каде има трибина за удобно да се проследат борбите од љубителите на џудото. Натпреварот е од меѓународен карактер. Се очекуваат учесници од странство, особено од околните земји.

Претходно Сеишин зеде учество на два турнира. Пионерот Кристијан Тошески беше втор, а кадетот Марио Тошески трет на натпреварот “Прилеп опен”. Бобан Глигуроски го освои второто, а Кристијан Тошески третото место на “Филипос” во Аминдео, Грција.

Loading