СЕ ЧИСТАТ РЕЧНИТЕ И КАНАЛСКИТЕ МРЕЖИ

Пред есента, акција за превенција од поплави

Со нова механизација Водостопанство на Македонија преку прилепската подружница ги чистат речните корита и каналите за заштитата од поплави.         Периодот на низокт водостој на реките е погоден подготвено да се пречека сезоната на врнежи и опасноста излевање на водите од коритата.

Се чисти вегетацијата околу Црна Река и каналот Блато  долги 13  километри, а кои можат да бидат критичните делови за излевање при поројни  врнежи.

– Чистењето се одвива во две фази, првата е на ситната и крупната вегетација, а втората е уредување на речното корито – вели Ромео Тренов од АД Водостопанство.

Каналите генерално се во добра кондиција. Лани се уредени околу десет километри во прилепско. Сепак останува впечатокот дека стојат ризиците, бидејки каналите и коритата не се исчистени повеќе години.

Со програмата на ЕУ за санација од поплави се предвидени околу 7 милиони евра. Водостопанство распиша тендер за набавка на механизација за 3,5 милиони евра.

Loading