„МИНЛИВИ СЕКВЕНЦИ“ ОД МАЈА ЈАЌИМОВСКА

Изложба

pokana-sekvenci

Точно 20 дела насловени ,,Минливи сеќавања,, е тематската изложба  на младата авторка Маја Јаќимовска, што ќе биде отворена вечерва од 20 часот во галеријата на ЦК ,,Марко Цепенков,,.

Станува збор за циклус дела кој претставува фасцинација од ефектите на артифициелното светло во ноќните услови како еден феномен што го продуцира човекот за своите потреби.

Јаќимовска е дипломиран сликар од ФЛУ – графички дизајн. Магистрант е на Европскиот универзитет. Добитник е на втора награда на Седмото студентско интернационално АРТ биенале и учествувала на повеќе групни изложби во земјата и во странство.

На 6 октомври во ликовниот салон од 19 часот ќе биде отворена изложбата со име, ,,For freedom independence,, во соработка со Унгарската амбасада.

Loading