СРЕБРЕН СПРИНТ НА КРЖЕСКА

Ориентација

Во Радовиш и Струмица се одржа Југоисточноевропски шампионат во ориентација. Во спринт – трката за девојки до 16 години одличен пласман постигна Елеонора Кржеска (Златоврв). Таа го освои второто место, што е постигнување за почит, бидејќи е првпат не само клубот, туку и државава да има таков висок пласман, сребрен медал, во натпреварувањето кое се организира шеста година. Од клубот сметаат дека успехот се должи и на ангажирањето на тренер од Белгија.

На шампионатот се појавиле учесници од 12 држави.

Loading