КАЛЧО – ТРЕНЕР ВО ПОБЕДА

Историја

Според многумина, најзвучното тренерско име во екипата на Победа е Благоја Марјановиќ – Моша. Дошол директно од Италија, каде бил шеф на Стручен штаб на Торино и Катанија. Во тоа време Торино бил гигант како денес Милан или Јувентус. Откако генерацијата што освоила пет шампионски титули во низа, загинале сите фудбалери во авионска несреќа, тимот постепено се возобновувал, а во тоа учествувал Моша. Во сезоната 1957/58 го освоил 7 место во Серија А. Следената 1958/59 ја презема Катанија со која обезбедува опстанок во Серија Б. По куса пауза ја прифаќа поканата од Победа и на нејзино чело е во сезоната 1960/61 кога настапувале Хаџивасилев, Тофоски, Нешкоски, Б.Ангелески, А. Конески, Т. Василев, Анески, Т. Бошкоски, Б. Петкоски, И. Димоски, М. Крстески, Т. Атанасоски, Г. Лашкоски, Малинков, Цветковиќ, Т. Јакимоски, К. Атанасоски, И. Димоски. Тогаш пласманот е под очекувањата, на 12 место, кое значи отпаѓање од Втората југословенска лига. Меѓутоа, овој стручњак остава длабока трага со работата, низ однесувањето, ангажираноста и плодовите што подоцна следеле од таа работа.

– Беше учтив, мошне вкусно дотеран, секојпат подготвен на топол пријателски збор. Имаше специфичен начин на живот. Прво одеше во хотел “Јадран”, а од 10 часот веќе беше на стадион, каде ги обучуваше младите. Попладнето работеше со првата екипа. На тренинзите вршеше демонстрација и имаше далеку најпрецизен удар – се сеќава тогашниот голман Веселин Тофоски.

 Учествувал на првото светско првенство и затоа ликот на Благоја Марјановиќ – Моша го има во популарниот сериски филм “Монтевидео – Бог те видео”. Умрел на 77 години, 1984 во Белград.

Loading