ДЕРБИ СО ПЕЛИСТЕР

Ракомет

Првото коло беше само загревање за второто. В сабота екипата на Прилеп игра големо соседско дерби со Пелистер во Битола. Минатата сезона битолчаните беа совладувани и дома и на гости, а сега се засилени и ако се случи нов успех, тоа ќе биде подвиг. Дерби е, се е можно. Претходно со 31-24 беше совладан Вардар јуниор. Во екипата на Томче Петрески се појавија нови имиња, како Огнен Трајковски, Никола Мирков кој постигна еден гол, Александар Тренчевски со три, како и Грузиецот Орјоникидзе со шест. Сепак најефикасен на мечот е Петкоски со седум гола.

Женската екипа на Прилеп загуби со 29-23 во Куманово, а во следното коло е слободна.

Loading