Трета
Блед е почетокот во Третата лига – Југ на екипите од ОФС Прилеп. Само тимот на Партизан Обршани е без пораз по двете кола. Прво дома одигра 1-1 со Младост Удово, а потоа со голот на Талески со 0-1 славеше во Росоман. Останатите загубија. Питу Гули не издржа и со 3-2 загуби во Превалец, Големо Коњари со пораз од 6-1 се врати од Валандово, Напредок со 7-0 од Борец во Велес, а 11 Октомври не се појавил на теренот и службен е поразот со 3-0 од Зорбас Победа во Мрзенци. Во следното коло 11 Октомври – Борец, Г. Коњари – Зорбас Победа, П. Гули – Победа В., Партизан – Превалец.