ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ЕКСПРЕСНИОТ ПАТ ГРАДСКО – ПРИЛЕП

Le se gradat dva novi siroki tuneli

Објавен е меѓународен тендер за изградба на вториот сегмент од експресниот пат Градско – Прилеп. Делницата Градско – Росоман – клучка кај Кавадарци е во должина од 16 километри, а вредноста на целата инвестиција ќе изнесува 80 милиони евра. Патната делница меѓу Градско и Прилеп треба да биде завршена до 2019 година. Проектот се реализира во соработка со ЕУ и со Европската банка за обнова и развој. Трасата од 33,5 километри е поделена на три дела. Шпанската компанија Конструксионес Рубау веќе работи на првиот сегмент од 10 километри, на кој е предвидено да се изведат 15 мостови и два тунели. Идниот експресен пат ќе биде широк 12,4 метри, со по една главна лента од 3,5 метри и дополнителна лента од 2,5 метри во секој правец.

Првата делница за новиот пат е во градба. Таа е со должина од 10 киломтри на потегот од Фариш до Дреновска Клисура. Изградбата на овој најсложен дел чини 31,8 милиони евра и треба да биде готов за две години. Втората делница, за која е објавен тендерот, се однесува на потегот од Градско преку Росоман до клучката за Кавадарци. Изведувачот треба да биде избран до крајот на годината, а изградбата ќе стартува во првата половина од 2017 г. Граѓаните, новиот експресен пат ќе можат да го користат во 2019 година.  

– Тоа е 15-километарско поврзување од Прилеп кон Градско, значи дополнување на експресниот пат, инвестиција којашто е многу важна за Македонија, затоа што целата инвестиција би изнесувала преку 80 милиони евра. Што значи дека вториот сегмент заедно со ЕУ, која го распишува тендерот е многу добар мотив да продолжиме  со процедурите за третиот дел од етапата Градско – Прилеп. Со оглед на должината на процедурите, до крајот на годинава ќе трае тендерот, а на почетокот на првиот квартал на 2017 година ќе биде избрана компанија, изведувач, која што ќе работи на втората секција од патот од Прилеп кон Градско. Оваа патна делница треба да биде готова до 2019 година – изјави министерот за транспорт Владо Мисајловски.

Втората делница од експресниот пат Прилеп – Градско, ќе обезбеди поголема мобилност на жителите кои транзитираат во пелагонискиот регион. Третата фаза од изградбата на експресниот пат е од месноста Тројаци до влезот во Прилеп со должина од 7,5 киломтри.

Според проектот, новиот пат ќе биде на ниво на автопат,  со широчина од 12,4 метри, со по две ленти од по двете страни. Ќе ги поврзе Прилеп и Битола со Коридорот 10 што ќе значи побрзо и поедноставно патување за граѓаните од пелагонискиот регион.

Изградбата на експресниот пат ја иницираа бизнисмените од пелагонискиот регион. Членките на регионалните стопански комори на на Прилеп и на Кавадарци позитивно гледаат на изградбата на експресниот пат Градско – Прилеп и со нетрпение ја очекуваат и градбата на гасоводот, што ќе даде значителен придонес во развојот на бизнис секторот.

СЕ КОМПЛЕТИРА КОРИДОРОТ 10

Интензивно се гради патната делница од Демир Капија до Смоквица, во должина од 28 километри со која ќе се комплетира автопатскиот дел од стратегискиот Коридор 10. Финансиската конструкција за овој проект е 210 милиони евра, а според најавите новата делница ќе биде готова во мај 2017.

Се гради и автопатот Кичево – Охрид, кој ќе биде долг 57 километри ќе чини 374 милиони евра, а истовремено се работи и на изградба на автопат од Миладиновци до Штип, инвестиција вредна 206 милиони евра.

Loading