„ПОЧУВСТВУВАЈ ЈА ЛЕГЕНДАТА, ИСТРЧАЈ ГО МИТОТ“

За викендов трка низ планини – Крали Марко Треилс

1

За викендов со старт и финиш во населбата Варош ќе се одржи шестото и досега најмасовно издание на најголемата македонска ултрамаратонска трка Крали Марко Треилс – “По стапките на Крали Марко”. Повеќедневниот настан има и неколку трки во планинско трчање и планинарење околу Марковите Кули, манастирот Трескавец и планината Бабуна.

Со мотото “Почувствувај ја легендата, истрчај го митот”, манифестацијата со над 300 учесници има четири трки. Едната е  Трескавец Треил – 16 км, а другата, Камена Баба Треил – 31 км. Најатрактивна е третата, Крали Марко Ултра Треил, која е со делница од 90 километри низ врвови, ридови, села и манастири и прва официјална планинска ултрамаратонска трка. Последната е за најмалите, од еден километар, крај Марковите кули.

Организатори се Здружението за планинско трчање ТРЕЏ, Општина Прилеп и ПСД Макпетрол  од Скопје.

Loading