КОШ НАГРАДИ СО СТОБИ ФЛИПС

Stobi-Flips

Три автомобили, скутери, ховерборди, ЛЕД телевизори, таблети и уште над 500 други вредни награди се дел од големата наградна игра на Витаминка и омилените грицки Стоби Флипс, Чоко Стоби Флипс и Стоби Стикс. Потребно е да се соберат 5 празни кесички од од кој било вкус и грамажа, да се стават во плик и пликот да се остави во видливо обележаните кутии во продажните места или да се испратат по пошта на адреса на компанијата.

– Како бренд што поврзува генерации и некако го следи развојот на Витаминка, направиме наградна игра за брендот Стоби. На овој начин се заблагодариме на потрошувачите кои го ценат квалитетот на овој производ што прерасна во домашен бренд број еден – изјави Владимир Трпаноски, комерцијален директор на Витаминка.

Стобиранка има награден фонд од над 100.000 евра и со три циклуси на извлекување и наградување. Првото извлекување ќе биде на 23 октомври, второто на 27 ноември и третото на 25 декември. Од првите две извлекувања ќе биде доделен по еден автомобил Тојота Јарис и други вредни награди, додека на третото извлекување главната награда е најновиот модел на Toyota C-HR Hibrid. Среќниот добитник ќе биде првиот сопственик на овој автомобил во Македонија. Неизвлечените пликови од првото извлекување ќе учествуваат во второто, а од првото и второто извлекување ќе учествуваат и во третото.

Loading