ПАШОСКА НА ЦЕЛО НА ДНУ

Novo rakovodstvo i novi clenovi vo DNU

Првпат во 45 годишната историја, за претседател на Друштвото за наука и уметност, избрана е жена. Во наредните четири години на чело на новото раководство ќе биде д-р Силвана Пашоска, која посочи дека и претставува голема чест, но и одговорност да придонесе во опстојувањето и развојот на ДНУ Прилеп.

– Моја заложба ќе биде да имаме поголема соработка со МАНУ, со бизнис секторот, да развиваме дебати на различни теми и да придонесеме за забрзан развој и просперитет на градот – изјави д-р Пашоска.

Друштвото доби и 13 нови членови, со што сега ДНУ брои околу 130 членови. 

Loading