Џудо
В недела (10 ч.) во салата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ во Прилеп ќе се одржи меѓународниот турнир во џудо “Прилеп опен 2016”, во организација на ЏК Пролетер. Најавени се борби во пет возрасни категории. Најмалите – децата до девет години се во тежински групи меѓу 20 и 50 килограми. Малку повозрасна категорија е до 11 години, а потоа е групата до 13. Највозрасната детска категорија е до 15 години, со тежина меѓу 34 и 73 килограми. Последната група е за кадети од 40 до 90 килограми. Групите се во машка и женска конкуренција.
Се очекуваат учесници од земјава и соседните држави.