ЛЕТНА ШКОЛА ЗА АРХЕОБОТАНИКА

Megunarodna sorabotka na Institut

Плод на соработката меѓу македонски и чешки археолози во Институтот за старословенска култура е Летната школа за археоботаника во Пелагонија. Освен Институтот вклучени се Центарот за истражување на предисторијата, Заводот и Музеј и Универзитетот на Јужна Бохемија.

– Летната школа содржи обука на студенти од Македонија и странство од страна на чешки професори од лабораторијата за археоботаника и палеоекологија. Тие се обучуваа да истражуваат микро остатоци на вегетација преку флотирање на примероци од археолошкиот локалитет Врбјанска Чука каде летово се вршеа ископувања. Резултатите се одлични и даваат можност за темелна реконструкција на формите на исхрана на неолитските заедници кои живееле во оваа населба, како и за присутната вегетација во околината – велат од Институтот.

Инаку, стручен тим од Институтот за старословенска кутлура под менторство на академик Газанфер Бајрам ја водеше работилницата во која студентите изработија мозаици за Универзитетот “Св. Климент Охридски” од  Битола по повод 1100 годишнината и од упокојувањето на патронот. 

Loading