ТРОДНЕВНО „КРСТАРЕЊЕ“ НА ДУРМИТОР

Po patekite na Durmitor

Педесетина планинари на Картуш три дена ја шетаа цргорската планинска гордост, националниот парк Дурмитор. Десетина најсмели  низ стрми и опасни патеки со сајли, го “кутнаа” еден од 48-те врвови над 2000 метри, Боботов Кук (2523м.). Останатите уживале со сите сетила во подножјето, на брегот од едно од десетиците езера на планинскиот масив. Импресиите им се восхитувачки. Уживале низ шумски борови или дабови патеки. Бујната вегетација и зеленилото не ги изморила на угорнините, туку им дала нова енергија. Планинарите велат дека Црногорците умеат да ги продадат природните предимства. Целата планина е обиколена со асфалтни патишта, кампови, панорами и други атрактивни придружни објекти, а подолу е можно уживање во рафтинг и возење со вагончиња над сините води на клисурата на реката Тара.

Пред неколку години, мераклиите на природата ги плакнеа очите на црногорскиот дар, паркот Биоградска Гора. 

Loading