НА МОТОРИ ОД ПРИЛЕП – БОСНА – ДУБРОВНИК – БУДВА …

Na krilata na motorite do Bosna

Петнаесетина вљубеници на мотоцикли неколку дена крстарат дел од поранешна Југославија. Со милениците на две тркала и логистичка поддршка на автомобил, јавачите на ветерот уживаат во возењето и откривањето на попатните атракции минувајќи рута од над илјада километри. Попатно поделиле предлози за нови мото екскурзии со колеги од Швајцарија.

Низ Србија се воодушевувале од Горни Милановац. Преку мостот на Дрина од Иво Андриќ, заминале на Башчаршија во Сараево. Мерак им било да ја видат и престолнината на Република Српска, Бања Лука. Надолу очите им сјаеле од глетката од стариот мост во Мостар на реката Неретва. Пропешачиле низ хрватската архитектонска средновековна икона, Дубровник и згазиле на плочките на шеталиштето на црногорскиот приморски бисер, Будва. Мото турата ја окончуваат преку српската Врњачка Бања, за да си дојдат дома деновиве. 

Loading