ПОЧЕТОК ОД КУМАНОВО

Жени

В недела почнува и првенството во Супер лигата за жени. Екипата на Прилеп одработи куси подготовки и веќе од првото коло ќе покаже колку може во оваа сезона. Прв ривал на тимот на тренерот Рубин Богојески е Куманово. Противникот е благ фаворит, бидејќи игра дома. Може да се очекува борбен дуел како лани и неизвесност до самиот крај. Според распоредот, во лигата есенва ќе се одиграат два круга со вкупно 14 кола. Последното е предвидено за 18 декември.

Останати двојки: Металург – Вардар јуниор, Овче Поле – Пелистер, а слободна е Гевгелија.

Loading