КРУШЕАНЦИ ДЕЛАТ ЛЕКЦИИ

Трета

В недела е второто коло од Третата лига – Југ со ново седиште во Велес. Нововлезените во овој ранг, Напредок Крушеани и Питу Гули Крушево имаа одличен старт. Крушеанци делеа лекции, совладувајќи го со 4-0 Зорбас Победа. Следен меч е гостувањето кај Борец во Велес. Тимот на П. Гули со 3-0 го победи Росоман, а задутре оди во Превалец Велес. Тимот на Партизан Обршани дома освои бод со 1-1 против Младост Удово, а следи меч во Росоман. Непријатно изненади Големо Коњари со поразот дома од 0-3 со Превалец, а шанса за поправање има кај Победа од Валандово. Најголемо разочарување е 11 Октомври – Победа В. 0-5. За домашниот тим настапи постава од 11 играчи и само една измена. Највисок триумф во колото имаше Борец од 8-0 со Д. Езеро.

Следни натпревари: Д. Езеро – Гемиџии, Младост У. – Кожуф, Росоман – Партизан О, Превалец – П. Гули, Победа В. – Г. Коњари, Зорбас Победа – 11 Октомври и Борец – Напредок Кичево.

Loading