ШАНСА ЗА СЕРИЈА

Фудбал

Еден меч е доволен контрастно да се смени расположението во таборот на Победа. Во неделата надигран и совладан со 2-1 беше цврстиот состав на Шкупи. Трите бода се скок од последното кон седмото место на табелата. Самодовербата е вратена. Екипата на Дарко Крстески потврди дека може многу повеќе отколку што покажуваа резултатите.

– Одигравме добро, сите изгинавме на терен како еден. Најважно е што бодовите останаа кај нас. Бевме подобри. Покрај двата гола, имавме уште две – три зрели шанси. Со ваква игра и кажуваме збогум на кризата – порачува Дарко Илиески, одбранбен играч.

В недела е мечот пак “дома” во Битола, со штипска Брегалница. Во екипата, покрај Филип Најдовски и Бурхан Мустафов, има право да заигра и третиот најнов, Бојан Спиркоски.

Табела: Вардар 13, Работнички 12, Пелистер 10, Ренова 8, Шкендија и Силекс по 7, Победа 3, Шкупи, Брегалница и Македонија ЃП по 2.

Loading