ИСТРАГА ЗА ИЗМАМАТА СО ЕФТИНИ АВИО БИЛЕТИ

По поднесената кривична пријава против туристичката агенција Сториа травел за измама на Македонци од САД со евтини авиобилети, Обвинителството отвори истражна постапка против управителката и фирмата. Како управител од крајот на 2015 година до крајот на август годинава, со намера за себе и за правното лице да прибави противправна имотна корист, довела и одржувала во заблуда осум лица од Прилеп, четири од Скопје, две од Струга, по едно лице од Тетово, Битола и од Охрид и четири лица од Австралија, како и едно правно лице од Скопје. Покрај тоа што знаела дека не е овластена да продава промотивни авионски билети по цени пониски од реалните, како и дека не поседува потребни дозволи за организирање авионски превоз – ИАТА – сертификат, во контактите со оштетените лажно прикажувала дека фирмата е регистрирана и го поседува потребниот сертификат. Оштетените, дел од паричните средства ги плаќале на сметката на агенцијата, а дел во готово. Не им биле обезбедени сместувачки капацитети во хотелите, ниту авионски билети за уплатените дестинации. Парите противправно ги присвоила за себе причинувајќи штета од 3.2 милиони денари.

Поднесен е предлог за определување на мерка притвор.

Loading