ТУРНИР ПО ПЕТТИ, ПОСЛЕДЕН ПАТ

Борење

Клубот 7 Мај Леов на 10 септември ќе го организира традиционалниот меѓународен турнир. Најавен е како петти и последен. Последен е затоа што од идната година, од април, ќе има нов турнир, посветен на прерано починатиот борач и судија, Љупче Црвенкоски. На годинашното издание најавени се клубови од Бугарија, Косово и Македонија. Претходно беше учеството на меѓународен турнир во Катунци, Бугарија, каде се освоени медали во конкуренција на повеке тимови од Бугарија, Кадетската селекција на Грција и штипски Балканец. Кај пионерите првпат настапи Стефан Стојкоски и освои бронзен медал, а на  Петар Насески му припадна златниот. Кај кадетите Филип Стојкоски беше трет, а медали освоија и гостите од Србија, кадетите Филип Фргиќ и Никола Бицички.

Loading