ПОБЕДА СЕ ЗАСИЛУВА

Фудбал

Поради настапот на Репрезентацијата, има пауза во прволигашкото првенство, а таа е добредојдена за Победа. Екипата загуби на сите четири меча (со Пелистер, Силекс, Вардар и Шкендија) и нема бод, но мора да се гледа само напред и само оптимистички. Почеток е на сезоната и има време за поправање, доколку се преземат мерки. Една од нив е доведувањето нови играчи. Веќе ангажирани се тројца. Се работи за Филип Најдовски (Тетекс), кандидат за средниот ред и одбраната, Бурхан Мустафов (Пелистер), кој може да игра во одбрана и напад, а комплетирани се документите за Бојан Спиркоски (повратник од Чешка), играч за врска. Од друга страна, отпуштени се неколкумина и во иднина бројката ќе биде околу 25 првотимци. Следниот меч е на 11 септември дома со Шкупи.

Утре е тест во Кавадарци со Тиквеш.

Loading