СЕ ЗАЈАДУВА ГРОЗЈЕ

Se blagoslovuva grozjeto

Денес е Преображение Господово, празник кога слухот човечки го слуша неискажливото зашто Оној Кој поради нас се јави како човек, сега е објавен од Небесниот Отец како Син Божји, единороден, возљубен, единосуштен.

На овој спасителен и пресветол ден, се благословува лозовиот плод од што се добива вино, кое, пак, на светата Литургија на таинствен начин преку осветувањето на Светиот Дух се преобразува во крв Христова. Токму затоа, од светите отци на православната Црква, наследено е преданието да не се јаде грозје од новата берба сѐ до неговото благословување на Преображение. Всушност, православниот обичај е изразување на благодарност кон милостивиот Творец, што дарува плодови за наслада, а најпосле ни го дарува и Плодот на бесмртноста, вистинската Лоза, Единородниот Негов Син, Спасителот наш Исус Христос.

По повод храмовиот празник во црквата “Св. Преображение” ќе се служи празничната богослужба. Градоначалникот Марјан Ристески, кој  е домаќин годинава, им го честита празникот на сите православни верници со желби за здравје, разбирање, љубов, надеж и бериќет во секој дом.  

Loading