НЕИЗВЕСНОСТ

Жени

Очигледно продолжува кризата во женскиот ракомет, а прв показател е тоа што градов, како ракометен центар, уште нема пријавено екипа во Супер лигата. Пријавувањето беше од 8 јули до 15 август. Прашање е дали воопшто ќе има лига, каква што доликува на државава, позната по гигантите, некогашниот Кометал, сегашниот Вардар. Минатата сезона беше очајна, немаше натпревари во плеј – аутот, само во плеј – офот. Неизвесно е што ќе се случува понатаму. Во интерес на ракометот би требало да биде продолжен рокот за пријавување, а меѓу пријавените сигурно да биде екипата на Прилеп. Впечаток е дека во клубот, особено тренерот и ракометарките, се заинтересирани за опстојување, и со нетрпение чекаат старт на тренинзите и натпреварите.

Лигата обично стартува кон крајот на септември.

Loading