Во гимназијата

Со традиционалното фрлање на капите, матурантите од гимназијата од генерацијата 2015/16 г. го одбележаа завршувањето на средното образование и се простија со средношколските клупи.
Градоначалникот Марјан Ристески, кој бил гимназијалец, им порача да веруваат во своите потенцијали и да го остварат својот сон, да бидат хумани, храбри и самоуверени, подготвени да се усовршуваат.
Директорот на гимназијата, Кире Николоски посочи дека оваа генерација била посебна по тоа што учениците постигнале врвни резултати и освоиле многу награди на државни и меѓународни натпреварувања во различни области.
Прилепската гимназија е една од најквалитетните среднообразовни установи во земјава, од која излегле еминентни имиња кои придонесел за културно – општествениот развој на градот и на Македонија.
Порака за успешна иднина упатија и првенците на генерацијата, Стефан Неделкоски и Марко Маркоски.
![]()

