ТРАКТОР ПОЛН СО ШЕРБЕТ

Од Канатларци доаѓаат лубеници

Plipot lubenici

На градското пазариште скоро еден месец, можат да се купат лубеници од Пепелиште-Валандовско. Тие и најрано зреат, вкусни се  и благи како шеќер. Деновиве, посебно кај рампата на железничката станица од едната и другата страна на патот во трактори секојдневно се нудат убави, сочни благи, штотуку набрани лубеници од селото Канатларци. Црвени, росни, како шербет од по десетина и повеќе килограми се  нудат за по стотина денари, или по десетина и помалку денари за килограм. Попладне тракторите шетаат низ маалата, олеснувајќи им на граѓаните да ги носат дома, туку им ги нудат, такаречи, до порта. Некои сопственици повикуваат со мегафони да се пробаат благите плодови.

Од неодамна се нудат мали, благи и вкусни  како мед дињи  од селото Шелеверци за дваесет денари за килограм.  

Loading