ЈУ ТУРНЕЈА НА КРОСРОУД БЛУЗ БЕНД

Ttri nedeli  koncerti vo JU prostorite

Еден од најактивните блуз бендови на овие простори Кросроуд блуз бенд настапи во популарен паб во Врање, Србија. На третото гостување блузерите водени од Бранко Нешкоски приредија возбудлив концерт. Во составот се и Александар Шилоски – бас, Зоран Настески тапани и Александар Дворчанец – вокал, кој ги збогатува песните со музички аранжмани на усна хармоника.

Прилепските блузери ја започнаа турнејата во Македнија и ја продолжуваат до крајот на месецов во Србија, Хрватска и Црна Гора.

Кросроуд блуз бенд годинава сними и објави ново ЦД  со наслов “Градско дете”.

Loading